Монпелје го преживеа Скјерн, Спортинг тешко до групната фаза од Лига Европа

Познати се уште четири патници во групната фаза во Лигата на Европа после одиграните реванш натпревари. После голема борба, сепак, фаворитите успеаја да стигнат до главната фаза во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Фуксе Берлин беше убедлив во реваншот против Ѓенѓеш после победата нагости минатата недела. Бундеслигашот славеше 36:24, а веќе по првиот дел беше јасно дека во овој двомеч нема да има неизвесност кога домашните водеа 17:12.

Европскиот шампион од 2018 година, Монпелје многу тешко го елиминираше Скјерн откако успеа да надомести два негатива од првиот натпревар. Французите триумфираа 33:29 со што си обезебедија место во групите.

Екипата на Спортинг имаше многу мака да го елиминира романскиот претставник Констанца. Првиот дуел заврши нерешено (27:27), а минималната победа после голема борба на домаќините во реванш дуелот од 22:21 беше доволна за пласман во групната фаза.

Тулуз оствари сигурна победа против Потаиса Турда од 31:27 и сигурно обезбеди пласман во групната фаза. Уште по првиот дел францускиот тим имаше предност која успешно ја сочува до крајот на дуелот.

Претходно се одиграа уште неколку натпревари, а квалификациите завршуваат утре со натпреварот меѓу ЦСКА Москва и Бјерингбро.

ЛИГА НА ЕВРОПА

2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (РЕВАНШ СРЕДБИ)

Фуксе Берлин – Ѓенѓеш 36:24 (25:23)

Монпелје – Скјерн 31:27 (30:31)

Спортинг – Доброгеа суд 22:21(27:27)

Тулуз – Потаиса Турда 31:27 (35:35)

* Во заградите се резултатите од првите натпревари