Во овој период екипите ширум Европа се многу активни околу ангажирање на нови играчи и продолжување на договорите на своите најдобри ракометари. Така и екипата на Монпелје ги продолжи договорите на тројца млади играчи.
Хулиен Бос, Уго Деска и Гиорги Цковребадзе имаа одлична полусезона во дресот на Монпелје што беше причина раководството да им ги продолжи договорите. Договорот на Бос е продолжен за две години, а на Деска за една, додека Цковребадзе потпиша нов тригодишен договор.
Покрај продолжувањето со постоечките играчи во Монпелје ќе пристигнат и Лукас Пелас и Бенџамин Батаи. Швеѓанецот Пелас имаше одлично Европско првенство на левата крилна позиција што беше добра препорака за трансфер во поранешниот шампион на Европа.
Лукас Пелас потпиша договор на три години со Монпелје кој ќе важи од летото во 2020 година, а тој пристигнува од клубот Луги од Шведска. Договорот на Батаи е со важење од две години кој исто така ќе биде активен од летото 2020 година.