Седумкратниот oсвојувач на Лигата на шампионите, Украинецот со шпански пасош Андреј Чепкин во интервју за sportarena.com се потсетува на времето додека играше во Шпанија.
Тој раскажува за неговото прво патување на гостување со Барселона и за случката која го изненадила во автобусот што било сосема неочекувано за него.
„Мое прво гостување, забележувам нешто гори во автобусот. Се вртам назад го гледам голманот Лоренцо Рико седи и пуши цигари. Го прашувам тренерот Валеро Ривера дали е ова нормално? Ми одговори секако дека е нормално. Момците во Барселона можеа да пушат и да пијат вино, немаше забрани. Во поранешната СССР беше забрането но седум од десет играчи пушеа. Нашиот менталитет во тоа време беше различен. Пред да пристигнам велат дека Вуковиќ пушел на полувреме затоа што бил пушач и никој ништо не му кажал. И покрај тоа сите биле професионалци и знаеле до каде им е мерката“, рече Шчепкин.
Чепкин голем дел од својата кариера помина во Барселона од 1995 до 2005 година, а освен во најдобриот клуб од Шпанија во својата кариера има настапувано и за Кил.