Веспрем одигра фантастично второ полувреме и славеше голема победа во првиот осминафинален натпревар против Вардар на гостинки терен во Јане Сандански со 22:30.
Тенерот на унгарскиот претставник во Лигата на шампионите, Момир Илиќ беше презадоволен од резултатот и имаше свое видување за натпреварот.
„Имам огромен респект кон Вардар и Дејвис за се што го прави со екипата. Најпрво Давид Дејвис беше мој тренер, а потоа многу ми помогна во почетоците на мојата тренерска кареира. Не очекував ваков резултат во Скопје, знаеме дека тие играат одлично, особено дома во оваа атмосфера. Првите петнаесетина минути не беа добри за нас, започнавме спорот со многу стоење. Ја променивме играта во одбрана во 5-1 и мислам дека тоа беше клучно што водевме на полувреме со четири гола. Голема помош имавме од голманите Коралес и Цупара, задоволни сме од победата, но ова е само прво полувреме“, рече Момир Илиќ.
Адријан Сипош беше среќен за победата на неговиот тим и истакна дека уживал во натперварот и атмосферата.
„Честитики на моите соиграчи за победата. Одигравме тежок натпревар, атмосферата беше неверојатна. За мене ова беше прв настап во оваа арена и сум навистина среќен што победивме“, рече Сипош.
Реванш натпреварот во Веспрем ќе се игра за шест дена, односно следната среда со почеток во 18:45 часот на кој Вардар ќе има многу тешка задача да обезбеди пласман во четвртфиналето.