Ракометар на кој му оди во прилог одлагањето на Олимписките игри е репрезентативецот на Хрватска, Иван Мартиновиќ. Тој го пропушти Европското првенство откако се повреди ден пред заминувањето на турнирот во Грац.
Мартиновиќ во овој момент е сам во Германија во изолација и се опоравува од повредата додека неговите најблиски се во Виена. После операцијата на стапалото Хрватот има штрафови кои би требало да ги носи уште долго.
„Подобро сум, веќе одам на трчање и полека се враќам. Штрафовите во стопалото ќе останат барем уште седум месеци. Со оглед на мојата повреда, моменталната ситуација во спортот не е воопшто лоша за мене. Единствено ми недостасува ракометот. Имам време повторно да се вратам во старата форма“, коментираше Мартиновиќ.
Хрватот се надева дека навреме ќе се опорави од повредата и повторно ќе биде дел од А репрезентацијата на Хрватска. Исто така се надева и на настап на одложените Олимписки игри.