Шпанскиот ракометар Карлос Молина кој неодамна си замина од Мотор Запорожје до крајот на сезоната ќе игра во Синфин.
Молина го напушти шпанското првенство во 2017 година, а од тогаш играше за Магдебург, па една сезона помина во Бенфика за во 2020 година да потпише за Мотор. Сега во Шпанија се враќа во редовите на тимот кој после 21 коло се наоѓа на 15.
Позиција со 15 освоени бодови. Синфин го чека борба за опстанок затоа што во овој момент е едно место под сигурната зона.
„Последните неколку недели беа навистина тешки, но луѓето од Синфин беа навистина убедливи. Ми понудија можност повторно да уживам во една од моите најголеми животни страсти – ракометот. Се надевам ќе му помогнам на тимот да избори опстнок“, изјави Молина по потписот на договорот.
Договорот е потпишан до крајот на сезоната, а ќе видиме што потоа ќе следи во кариерата на Молина.