Поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија за среда најави прес конференција на која треба да објави детали за неговите следни чекори за казната која била изречена уште на 13 април годинава
Дисциплинската комисија на МОК го казнила Борко Ристовски, голманот на РК Вардар и поранешен репрезентативец со четиригодишна суспензија, за вербална навреда на претседателот на МОК, Даниел Димевски.
Ристовски бил пријавен во март од Димевски за гостување на телевизија како претставник на политичка партија каде што „ширел невистини, лаги, клевети и неточни информации на сметка на претседателот на МОК, г-дин. Даниел Димевски кои можат да бидат штетни и по МОК, Федерациите на МОК и спортистите.
Ристовски има право на жалба од осум дена (кој патем е веќе , а дисциплинецот како отежителна околност го земал и податокот дека Ристовски не се извинил откако во март бил пријавен од Димевски за гостување на телевизија како претставник на политичка партија каде што „ширел невистини, лаги, клевети и неточни информации“.
И поради тоа, заради нарушување на имиџот, но и прекршување на статутот и правилниците на олимпиското движење, доби жестока казна од дисциплинската комисија – забрана за вршење дејност спорт во траење од четири години.
Ристовски има право на жалба од осум дена, (рок кој патем е веќе изминат, н.з.) а дисциплинецот како отежителна околност го земал и податокот дека Ристовски не се извинил. Ристовски може да се жали до УО на МОК преку истата комисија.
Голманот на Вардар најави прес конференција за во среда каде ќе објави детали за одлуката и неговите следни чекори.