„Моите играчи се под натпреварувачки стрес, некои мора да го исфрлат ракометот од глава“

Голем дел од ракометарите на Барселона беа дел од своите репрезентации минатата недела. Некои играа во квалификациите за Олимписите игри во Токио, а други во квалификациите за ЕП 2022.

Високото темпо на натпревари предизвикува замор кај сите играчи, а тренерот на Барселона, Чави Пасквал во изјава за mundodeportivo.com зборуваше за неговата загриженост за заморот на своите играчи.

„Некои од помладите играчи сигурно ќе излезат на теренот во следните натпревари во шпанското првенство. Моите ракометари беа под екстремен натрпеварувачки стрес. Следната недела мораме да ги одмориме некои играчи, ќе го намалиме оптеретувањето и ќе им дадеме неколку слободни дена за да избегнеме повреди. Има играчи кои после квалификациите можат да играат, а некои треба да го исфрлат ракометот од главата“, изјави Пасквал.

Во претстојниот приод на Барселона и следат два натпревари против Елверум во Лигата на шампионите, а според протоколите и мерките двата натпревари ќе се играат во Барселона.