Стратегот на клупата на Келце, Талант Душебаев во интервју за официјалниот сајт на полскиот клуб зборуваше за повредите кои ги следат неговите играчи во последно време.
Меѓу оние ракометари кои се соочија со повреда беше и неговиот син, Алекс Душебаев.
„Што се однесува до Алекс Душебаев, уште пред Олимпијадата имаше сомнежи дали треба да оди во Токио. Отпатува за Јапонија, освои медал, но потоа имаше седум недели закрепнување. Никој не знаеше дека освен повреда на препоните, тој се бореше и со повреда на коленото. Во последните натпревари Алекс не можеше ниту да ја свитка ногата. Нашите физиотерапевти макотрпно работеа на тоа секој ден. Тој можеше да игра само благодарение на нивната работа. Затоа, не е изненадувачки што неговите последни игри не беа во најдобро светло. И тој е само човек“.
Освен Душебаев, повреди имаа и Бранко Вујовиќ, Дилан Наи, Томаш Гебала, Николас Турна….
„Томаш Гебала практично не тренираше од крајот на октомври поради болки во коленото, учествуваше само на натпревари, но во исто време покажа многу високо ниво на игра во одбраната. Поради повреда не можевме да го искористиме во напад. Тој сега е опериран и го очекува пауза до крајот на април. Бранко Вујовиќ и Дилан Наи имаа повреда на скочниот зглоб, но сакаа и се обидоа максимално да му помогнат на тимот. Повреден беше и Николас Турна, па на неколку натпревари имавме само еден пикер. Единственото нешто што би сакал да им го кажам на сите мои играчи е многу ви благодарам, вие сте одлични луѓе и вистински војници“.