Олимпискиот совет на Азија (ОЦА) се приклучува на Олимпиското движење во поддршка на изјавата за солидарност на Извршниот комитет на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за санкциите кон Русија и Белорусија и статусот на спортистите од овие земји.
Олимпискиот совет на Азија останува на подготвеност, додека ИОК заедно со меѓународните федерации, продолжуваат да ги истражуваат начините да ги вратат руските и белорусиките спортисти на натпреварите под строги услови. Останува да се види евентуалните настапи како ќе бидат регулирани во поединечните спортови и во екипините спортови.
Меѓународниот Олимписки комитет објави дека ќе ја разгледа можноста за прием на Русите и Белорусите, но со неутрален статус.
Следните Азиски игри ќе се одржат од 23 септември до 8 октомври во Хангжу, Кина.