Претседателот на Европската ракометна федерација, Михаел Видерер во интервју за германските медиуми најави дека е можна промена на начинот на одредување и местата за Олиммписките игри и дека Европа би можела да загуби еден учесник.
Сетоа тоа би се направило за да се поттикне развојот на ракометот во послабо развиените земји, а на штета на репрезентациите од Европа на кои би им се намалило едно место.
Исто така ИХФ не ги крие своите намери за освојување нови пазари и поголем развој на ракометот во САД и Кина.
Поделбата на Пан Американката федерација на две нови, ќе придонесе една земја од тој дел на континетот (Северна Америка и Кариби) да обезбеди пласман што во овој момент е незамисливо бидејќи треба да ги елиминира Бразил или Аргентина.