Вкупно 32 екипи во машка конкуренција денеска ги добија новите стартни броеви и распоредот по кој ќе играат во пролетниот дел од сезоната во четирите различни лиги кои имаат различен степен на натпреварување.
Осумте екипи во плеј-оф групата во Супер машката лига од денеска можат да почнат со подготовка за разигрувањето за титулата. Познат е возниот ред, па останува само да бидат одредени датумите според кои ќе се играат средбите и да може комплетно да се подготви стартегијата.
Ова група на екипи ќе разигрува за титулата и ќе се бори за излез во европските купови. Учеството во Супер машката лига за следната година е загарантирано така што нема никакви дилеми во овој поглед.
Плеј-аут лигата од Супер машката лига, исто така носи возбудувања бидејќи првото место носи опстанок во Супер лигата и следната сезона додека второпласираниот тим ќе треба да одигра бараж за да остане во лигата. Другите шест екипи, пак, ќе имаат свое место во Првата машка лига во сезоната 2020/21.
Плеј-оф групата во Првата машка лига, пак, носи битка за првото место. Тимот кој ќе биде на врвот ќе може во бараж каде што ќе се сретне со втопласираниот од суперлигашкиот плеј-аут за пласман во Супер лигата. Воедно битката е и за првите четири места бидејќи тие ќе водат во Првата лига следната сезона.
Во плеј-аут лигата ќе се разигрува што подобар пласман. Овие тимови ќе имаат можност да ја креваат формата, но ќе чекаат вести секако да се види и дали ќе има и Втора лига следната сезона. Секако поважно ќе биде да се освои што е можно повисоко место на табелата.
Засега нема информација за почеток на пролетниот дел од сезоната, но вообичаено тоа досега беше првиот викенд од март. Претходно во последниот викенд од февруари обично се играше првата рунда од Купот на Македонија.
Супер машка плеј-аут: Прилеп и КЛ 7 на дуел на старт, Тиквеш гостува во Кисела вода (ФОТО)
Осум желби за едно бараж место – Прволигашите го имаат возниот ред за плеј-оф (ФОТО)
Прволигашите го дознаа распоредот за опстанок во лигата (ФОТО)