Многу промени на голот на Вардар – заминува и Робен Кантагрел

Покрај македонскиот репрезентативец Марко Кизиќ следната сезона меѓу диреците на Вардар ќе го нема ниту Французинот Робин Кантагрел, кој побарал раскин на договорот по само една година во Скопје.

„Мојот став е дека никого не држам со сила во Вардар. Не сакам незадоволни играчи во мојата екипа, а тоа го покажав и со Марко Вујин, кого го пуштив да замине на сред сезона без никакви проблеми. Истото го сторив и со Кантагрел, кој исто така побара раскин на договорот, го доби, и си оди на крајот на сезоната“, објасни претседателот на Вардар, Михајло Михајловски во викенд-интервјуто за 24ракомет.

Подолу може да го прочитате комплетното интервју…

ИНТЕРВЈУ МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ: Вардар не е мој, тој е наш, македонски бренд – и државата тоа треба да го сфати!