Многу милиони се вртат во Романија – Женските тимови со поголеми буџети од многу машки низ Европа

Екипите кои се дел од најсилната лига на Романија во женска конкуренција ги имаат одредено буџетите за следната сезона, а од она што може да се види е јасно дека клубовите имаат одлични суми на кои може да им позавидат и многу машки тимови кои играат во европските купови.

Најсилниот тим од Романија, ЧСМ Букурешт ќе располага со буџет од 3,8 милиони евра што е секако голема сума кога станува збор за женски ракомет и ова е одлична сума која е доволна да може да се влезе во трка за Ф4 и во Лигата на шампионите.

Ако се погледнат бројките што ги објави романскиот „Фанатик“, веднаш ќе ви стане јасно дека женските тимови од Романија имаат многу поголеми буџети и од најдобрите машките тимови не само од Македонија, туку и низ другите европски лиги.

Како изгледаат буџетите на топ 7 тимовите од Романија можете да погледнете во продолжение.

БУЏЕТИ ЗА СЕЗОНА 2022/23

3,8 – ЧСМ Букурешт

2,5 – Глорија Бистрица

1,9 – Рамницу Влчеа

1,5 – Рапид Букурешт (при титула буџетот ќе биде зголемен)

1,5 – Глорија Бузау

1,5 – Дунареа Браила

1,3 – Баја Маре

* Сумите се изразени во милиони евра