Екипите на Драчево и Аеродром одиграа борбен, интересен и до крај неизвесен натпревар во 6. коло од плеј-офот во Првата лига, а после неколку пресврти на резултатот победата им припадна на ракометарите на Драчево со 26:24.
Првиот дел помина во чести менувања на водството на двете екипи, Аеродром го имаше почетното водство, беше 7:5, но многу брзо Драчево успеа да израмни на 9:9. Во завршните минути домашниот тим обезбеди предност на полувреме од 14:12.
На почетокот на вториот дел Драчево продолжи во добар ритам и стигна до највисокото водство од пет гола кога водеше 19:14. Сепак, Аеродром не се предаде и успеа да се врати во игра со одлична серија и повторно поведе 22:21. Следуваше клучната серија од 5:0 за Драчево која беше доволна домашните да ги освојат бодовите.
Филип Дабевски со седум гола и Бобан Андовски со шест го водеа домашниот тим до триумф. Во екипата на Аеродром најмногу голови имаше Димитар Михајлов кој погоди осумпати, а по четири гола постигнаа Пејковски и Митревски. Со оваа победа Драчево се искачи на третата позиција, додека Аеродром падна на 5. место.