Оваа година тимот на Младост Богданци беше спречен да го организира мемеоријалниот турнир „Гоце и Томе“ поради коронавирусот, но се одигра меморијален натпревар.
Гостин во Богданци беше тимот на Радовиш, кој загуби од Младост со 25-21, а и на полувремето имаше негатива од еден гол, 13-12.
Во првиот дел радовишани одржуваат резултатска рамнотежа, но во вториот расположените домаќини направија солидна предност, што ја одржуваа до самиот крај.
Најдобри стрелци кај Младост беа Стоилов со пет гола, како и Димитров и Лупашко со по четири, додека кај Радовиш се истакнаа Илиев со четири гола, и Ѓорѓиев и Органџиев со по три погодоци.