Ракометарите на Младост Богданци во натпревар од 16. коло од Првата лига остварија висока победа против Кичево со 12 гола разлика, 29:17.
Гостинскиот состав парираше колку што можеше во првиот дел, на моменти имаше минимално водство од еден гол разлика, но во второто полувреме немаше доволно сили за надигрување.
Најефикасни во победничката екипа беа Ѓорѓе Атанасов со седум погодоци и Антонио Николоски, кој во мрежата на гостите погодоци пет пати.
Кај Кичево се истакна новото засилување Никола Шипинкоски со девет гола, кои беа недоволни за поблаг пораз.
Екипата од Богданци веќе има обезбедено пласман во плеј-оф натпреварувањето во Првата лига.