Дербито на југоистокот, во рамките на група 2 од Првата лига, меѓу Младост Богданци и Партизан Гевгелија, кое требаше да се одигра во неделата, беше одложено поради проблеми со електричната енергија.
Тие проблеми во салата „Млаз“ во Богданци веќе се средени, па натпреварот се одигра во текот на вчерашниот ден. Младост по триумфот над Преспа во Ресен, славеше и над Партизан со 23-19.
Сега тимот од Богданци има две победи во два меча, а тимот од Гевгелија има два порази. Младост во следното коло гостува кај Борец и може да очекува победна, додека Партизан на домашен терен ќе се сретне со фаворитот Тиквеш.