Тимот на Младост од Богданци ги започна подготовките за претстојната сезона кои ке се одвиваат во два дела.
Првиот дел ќе биде на градскиот настадион – физички подготовки со по два тренинга на ден, а потоа во сала каде ќе следуваат и неколку пријателки натпревари до почетокот на сезоната.
На првиот тренинг присуствуваа сите играчи како и засилувањето Трајче Костадинов кој дојде од редовите на Бутел Скопје.
Поради оправдани причини на првата прозивка недостигаа Паунков, Панов, Младеновски, Прчев и Караиванов, кои ќе се приклучат до петок.
Антонио Николоски, кој е со кадетската репрезентација на СП, ќе се приклучи после репрезентативните обврски и враќањето од Хрватска.
Тимот од Богданци, кој има еден од најмладите играчки ростери за следната сезона, пријави екипи во четири категории – сениори, младинци, кадети и пионери.