Младост го совлада Драчево и остана во игра за суперлигашки бараж

Еден од подобрите клубови во Првата лига, тимот на Младост, на свој терен го совлада Драчево со пет гола разлика, 30:25.

Екипата од Богданци со новите три бода математички остана во игра за 3. позиција, која носи бараж за елитното друштво.

Во победничката екипа најмногу се истакна Илија Чрчев со шест погодоци, потоа Никола Роглев и кадетскиот репрезентативец Антонио Николоски, кои имаа по пет реализации.

Листата на стрелци во поразениот табор беше предводена од Димитар Петковски со шест погодоци.

Младост сега има 30 бода, додека Драчево, кој моментално се наоѓа на трето место, има 34 бода.

Тимот на Младост во последните две кола од прволигашкиот плеј-оф за ривали ги има екипите на Астраион и Металург РА, додека Драчево ќе има дуели со Шампион и Мулти Есенс.