Ракометарите на Младост 1977 ја остварија втората победа од групата Б во Супер лигата против Работнички во натпревар кој ништо не менуваше. Тимот од Богданци славеше победа со 35:27.
Во поголемиот дел натпреварот беше израмнет. На почетокот на водството од 1:0 на Младост, Работнички возврати со серија од три гола и го презема водството, но и тоа беше накратко.
Младост не дозволи противникот да се одлепи, а во продолжение екипите го менуваа водството и најчесто беше еден позитива за еден од тимовите. Во завршницата на првото полувреме домашниот тим обезбеди предност од 16:14.
Во второто полувреме продолжи неизвесноста, Работнички успеа повторно да стигне до израмнување на 20:20, но не успеа да поведе. Следуваше серија на Младост со која за првпат една екипа имаше посериозна предност од 26:21. Ова беше клучниот период за победникот на натпреварот. Во завршницата богданчани стигнаа и до највсока предност од седум која беше и конечен резултат.
Најефикасни во составот на Младост беа Александар Лупашко и Митко Стоилов со по осум гола, додека Никола Димитров беше втор стрелец со пет погодоци. Во составот на Работнички, Тоше Ончев беше убедливо најефикасен со десет гола. Ова беше последен натпревар за Младост кој останува на последната позиција на табелата, а Работнички има уште еден натпревар против Грк Тиквеш в недела.