Екипата на Младост продолжува да работи на создавање тим од млади надежни играчи, но и зачувување на иднината на клубот.
По одличните резултати минатата сезона, освоеното второ место во кадетска категорија на Македонија и одличните игри во Првата машка лига, управата на Младост реши да ги награди своите таленти со потпишување професионални договори и тоа со девет свои таленти, надежи кои се и иднината на овој клуб.
Младите Стојан Наумовски, Илија Чрчев, Борчо Попов, Васил Демерџиев, Ѓорѓе Ѓуриќ, Стамен Гогов, Антонио Николоски, Леон Котев, Илија Роглев, се обврзаа на четири години соработка во иднина со својот матичен клуб.
Со овој потег управата на Младост им даде шанса, мотивација плус на младите таленти, а со тоа и ја обезбеди иднината на клубот во следните години со цел што поуспешни резултати и враќање во елитата.
Во актуелната 2021/22 сезона Младост е еден од малкуте тимови во Македонија кој настапува со свој погон на домашни играчи во сите категории и бележи одлични резултати и е на добар пат за повторно враќање во Супер лигата.