Младост ги задржува најдобрите – нов договор за Димитар Пеев

Тимот на Младост Богданци го склопува играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона во прволигашката конкуренција во која имаа големи амбиции.

Еден од најдобрите играчи и стрелци минатата сезона, Димитар Пеев, се согласи на нов договор со тимот од Богданци.

Левото крило ја продолжи верноста на уште две сезони и ќе остане во Богданци најмалку до 2025 година.

Покрај Пеев, актуелни договори со Младост Богданци имаат најголем дел од играчите што играа минатата сезона.

Младост Богданци и оваа сезона ќе биде меѓу главните фаворити за камбек во елитната конкуренција.