Составот на Младост Богданци имаше лесно гостување во Гевгелија каде што дојде до три бода во меч во кој беше постојано во предност. Победата од 27:18 беше само доказ дека на овој дуел домашните немаа многу шанси.
Уште во првото полувреме беше направена предност од пет гола и резултатот од 13:8 на паузата беше најава за победа на овој меч. Во продолжението беше сè под контрола така што само беше зголемено водството за конечни 27:18.
Со оваа победа тимот на Младост Богданци продолжува со трката за плеј-оф, а третото место дава надеж за успех и ова е најава за успешно финиширање на првиот дел од сезоната.
ПАРТИЗАН – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ 18:27 (8:13)
Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.
ПАРТИЗАН: Костадинов, Лисичков 7, Џалев, Маренчев 3, Вегов 3, Динев, Јанев 1, Т. Узунчев 3, Д. Узунчев 1, Ангелов, Ангов, Митров, Георгиев, Басов, Роглев.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.
МЛАДОСТ БОГДАНЦИ: Паунков, Дерменџиев, Ампов, С. Михајловиќ 1, Роглев 4, Стоилов 9, Тачевски 2, Павиќ 4, Каркалашев 2, Фиданов 1, Наумовски 1, Динов 2, Кимов 1, М. Михајловиќ, Чрчев, Шарланџиев.
Седмерци: 4/8, Исклучувања: 8 мин.