Ракометарите на Младост Богданци имаа лесна задача во 13. коло од групата 2 во Првата машка лига на дуелот против Јехона. На домашен терен Младост усепа да освои нови бодови со триумфот од 30:24.
Поголемиот дел од задачата екипата од Богданци ја заврши во првиот дел кога постигна двојно повеќе гола од противникот и имаше водство од 16:8. И во продолжението Младост имаше контрола на натпреварот, брзо стигна до двоцифрена предност и рутински ја сочува до крајот.
Најефикасен во екипата на Младост Богданци беше Митко Стоилов со осум погодоци, а втор стрелец беше Илија Динов со шест гола. За гостинската екипа на Јехона, која се уште има шанси за место во плеј-офот, најрасположен беше Стефан Бошкоски со осум гола.