Тимот на Младост Богданци денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашкото друштво.
Главна цел на тимот од Богданци е опстанокот, а за него ќе се борат против Астраион, КЛ7, Прилеп, Радовиш, Јуниор Кисела Вода, Тиквеш и Работнички.
Првиот дел од подготовките екипата ќе го мине во вежбалница, а кон крајот на јануари ќе ги почне и тренинзите во сала.
Битките за опстанок би требало да стартуваат кон крајот на февруари, а Младост ќе го отвори вториот дел од сезоната со гостување кај Астраион во Струмица.