Ракометарите кои се дел од екипата на Вардар јуниор плус Димитар Димитриоски од првиот тим денеска го одиграа последниот натпревар од сезоната во СЕХА лигата и претрпеа пораз на гостувањето во Нашице со 42:26.
Младите вардарци издржаа едно полувреме. На моменти беа и во предност, а тоа беше на стртот од средбата, па во продолжение од натпреварот не можеа да го одржат ритамот и останаа во негатива. Сепак, во првото полувреме успеваа да издржат и да останат во резултатска игра при што имаа негатива од четири гола на паузата, 14:18.
Во вториот дел тргнаа лошо. Девет минути се чекаше на првиот погодок за Вардар, па за ова време Нексе веќе го реши натпреварот бидејќи имаше веќе 23:15 во 39. минута.
После оваа разлика од осум гола во продолжението од средбата не можеше да се следи и имаше многу грешки кои овозможија само тимот на Нексе да се избори за победа за крај на групната фаза од 42:26. Со ова Нексе само освои три бода со кои не доби ништо во однос на поправање на позицијата на табелата бидејќи остана на 5. место и во четврт-финалето ќе има пресметка со Еурофарм Пелистер.
НЕКСЕ – ВАРДАР 42:26 (18:14)
НЕКСЕ: Лелиќ (2 одб.), Цар (6 одб.), Радовановиќ (5 одб., 1 сед.), Етер 3/5, Милета 2/2, Јаман 5/5, Думенчиќ 3/5, Бувиниќ 5/7, Јелиниќ 5/6, Вида 1/1, Северец 6/6, Пешиќ 1/1, Томиќ 8/9, Јагањац 3/3, Возаб, Прибетиќ.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.
ВАРДАР: Гогов (2 одб.), Кизиќ 1/1, Анѓеловски (1 одб.), Кукуловски 7/13, Димитриоски 1/5, Гашоски 1/2, Карапалевски 4/6, Дука 2/4, Крстевски 3/7, Јакимовски, Атанасовски 2/2, Ќосевски 4/8.
Седмерци: 3/5, Исклучувања: 2 мин.