Младинките утре и задутре на пладне против Норвешка и Србија

По трите порази од Црна Гора, Данска и Чешка, женската младинска репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Романија.

Македонија ќе биде дел од групата 4 заедно со Чешка, како и двете селекции од групата Ц кои завршија на третото, односно четвртото место – Норвешка и Србија.

Денеска е слободен ден на континенталниот собир во романските градови Питешти и Миовени, а утре стартуваат битките во разигрувањето.

На табелата во групата 4, Чешка и Норвешка се на првите две позиции, Србија е трета, додека Македонија е последна.

Во зависност од резултатите во оваа група, в петок и сабота ќе разигруваме или од 9 до 12 место или од 13 до 16 место со уште други два ривали.

Европско првенство, младинки, распоред на натпревари:

11 јули, 12:00 часот, Македонија – Норвешка
12 јули, 12:00 часот, Македонија – Србија