Младинките ги пропуштија своите шанси, сега ќе чекаме услуги од други (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мак – Холандија У19 жени

Репрезентативките на Македонија во младинска конкуренција немаа сили за 60 минути во ист ритам против Холандија и претрпеа пораз од 25:29 со што го доведоа во прашање пласманот во полуфиналето на ЕХФ шампионатот. Иако водеа речиси 50 минути во завршницата противникот стигна до пресврт и до убедлив триумф. Сега за место во полуфиналето ќе ни треба триумф на Холандија над Фарски Острови со што поголема разлика, како и наш триумф над Косово исто така со што поголема разлика.