Екипата на Металург во полуфиналето од Купот на Македонија во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци го елиминираше бранителот на титулата, Куманово, со резултат 21:25.
Металург за финале се избори со подобрата игра во последните петнаесетина минути од натпреварот, кога со серија од 9:1 направи комплетен пресврт, вреден за победа и финале по осум години.
Победничкиот тим беше предводен од младата и перспективна ракометарка, Ива Младеновска, која со 10 погодоци беше најефикасна на натпреварот.
Според Младеновска, желбата за финале и освојување на Куп трофејот по осум години биле пресудни за пресвртот во второто полувреме.
„Мислам дека сите сме заслужни за овој голем успех, не може само еден поединец да биде заслужен за оваа победа, секоја ракометарка имаше свој придонес. Сега треба да се одмориме за финалето. Ние сме горди и среќни и останува утре да триумфираме. Тоа што не врати во игра беше желбата за финале, желбата за победа и Куп трофеј“, изјави Младеновска.
Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Ѓорче Петров и екипата на Чаир, која ќе се бори за најголемиот клупски успех.
ШОК за Кумановo: Металург ќе се бори за Куп трофеј по осум години!