Легендарната шпанска ракометарка Александрина Кабрал Барбоса, во новата сезона ќе ги брани боите на францускиот Брест Бретањ и ќе стане колешка со македонската репрезентативка Ива Младеновска.
Договорот меѓу Барбоса и Брест е потпишан на една година, а таа во Франција доаѓа од Шпанија каде што ги брани боите на тимот на Моведре.
36-годишниот среден бек има португалски корени, а во 2012 го зема шпанското државјанство и со оваа репрезентација освои сребро на СП 2019 година и на ЕП 2014 година.
Потекнува од Мадеира, настапуваше за романските Рулментул Брашов, Валчеа, ЧСМ Букурешт и Глорија Бистрица, шпанските Валенсија и Ичако, германскиот Турингер, рускиот Ростов Дон, како и за француските Флери Луар и Нант.