Ракометарите на Вардар ја забележаа втората победа во регионалната СЕХА лига, откако во Скопје беа подобри од Татран Прешов со 29-24.
Бекот Марко Мишевски вели дека оваа победа ќе ја крене самодовербата пред натпреварите од плеј-офот.
„Мислам дека игравме добра одбрана и организаран напад потпомогнати од Томовски кој имаше одличен ден и публиката. Остваривме победа, со неа се крева самодовербата и ќе бидеме се подобри и подобри“, вели Мишевски.
Следен предизвик за вардарци ќе биде натпреварот против Пролет в понеделни од суперлигашкиот плеј-оф.