Сениорската репрезентација на Македонија се подготвува во рамките на ЕХФ неделата за пријателскиот двомеч со африканскиот првак Египет.
Средниот бек Марко Мишевски вели дека овој собир убаво ќе им дојде на репрезентативците пред настап на Европското првенство.
„Има уште два месеци до ЕП. Овој собир убаво ќе ни дојде да се подготвиме за тоа што не чека во јануари. Полека влегуваме сите во системот, знаеме која ни е улогата и задачата. Имаме две пријателски средби со Египет, секогаш е добро да имаш посилен ривал во овие натпревари. Тие се одлична репрезентација, игравме меѓусебе на Мундијалот. Сепак ова се пријателски натпревари, на нив ќе покажеме што сме тренирале. Мора да се прилагодиме на системот на Лазаров и да се посветиме максимално на задачите кои ни ги дава“, изјави Мишевски.
Македонија е во група А со Словенија, Црна Гора и Данска на ЕП, а ќе игра во Дебрецен.