Екипата на Вардар е победник на годинешниот Супер Куп на Македонија, откако во Струмица славеше против големиот ривал Еурофарм Пелистер со 30-26 во интересен натпревар.
Клучната разлика вардарци ја направија во финишот, бидејќи до 57 минута се играше егал натпревар и ниту една од екипите немаше повисока предност од два гола.
Шанса на теренот доби и македонскиот репрезентативец Марко Мишевски. Тој за 24Ракомет ги сподели импресиите по освоениот Супер Куп.
,,Добро работиме, се подготвувавме за овој дуел и за претходните кои ги одигравме во подготвителниот период. Во одбраната го дадовме максимумот, го оставивме срцето на теренот и мислам дека многу мали детали го решаваа овој дуел. Сакам да им честитам на Еурофарм Пелистер за одличната игра и за конкурентноста. Продолжуваме да работиме напорно, со чисти глави, имаме уште многу работа во оваа сезона, ова е само почеток, се надевам дека ќе не прати здравјето и среќата”, изјави Мишевски.
За ракометарите на Вардар освоениот трофеј во Струмица беше втор пред стартот на првенството. Вардарци кон крајот на месец август го освоија и трофејот на Струшкиот турнир.
Лазаревски за 24Ракомет: Еурофарм Пелистер не успеа со ништо да не изненади!
Атракција на „самурајот“ – Јасухира ја дигна цела сала на нозе (ВИДЕО)
Вардар ги залечи раните од Европа – четврти пат го освои трофејот во Супер Купот!