Ракометарите на Вардар Неготино беа многу убедливи во 13. коло од Првата лига против составот на Младост од Богданци. Екипата од Неготино славеше победа од 32:14 на дебито на новиот стратег Петар Ангелов Диви.
Гостинската екипа успешно се држеше дваесетина минути до резултат 8:7. Потоа следуваше серија на Вардар Неготино од 6:0 со која до полувремето обезбедија убедливо водство од 14:7 и најавија убедлив триумф.
Во вториот дел Младост немаше сили да се врати во натпреварот, на голот на тимот то Неготино одличен беше Александар Мицев кој ги откажа противниците и собра 15 одбрани.
Домашниот тим играше уште поефикасно во вториот дел и до крај забележа многу убедлив триумф, а гостите немаа сили за нешто повеќе на овој натпревар.
Ѓорѓи Ташев со шест гола беше најефикасен во екипата на Вардар Неготино, а четири постигна Орхан Емини кој дебитираше во новиот клуб. За екипата на Младост Богданци, Николоски Антонио беше најдобар со четири гола, а три гола постигна Саша Михајловиќ.