Тимот на Ница, каде што брани македонската репрезентативка Јована Мицевска, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Франција.
Ница не дозволи изненадување, и иако со мали проблеми, славеше на гостински терен кај второлигашот Трухтерсхајм со 37-34.
Мицевска натпреварот го заврши со 11 интервенции, а голем дел од нив беа во моментите кога Ница правеше пресврт и се кршеше резултатот.
Покрај Ница, во четвртфиналето на Купот на Франција се Мец, Брест Бретањ, Париз, Безансон, Нант…