Дерби натпреварот меѓу екипите на Шамбри и Ница, во рамки на 10. коло од шампионатот на Франција, заврши без победник и со резултат 24:24. Екипата на Шамбри која е меѓу првите пет екипи на табелата мораше да се задоволи со освоениот бод против екипата на Марјан Колев.
Одлична партија во дресот на Ница одигра репрезентативката на Македонија, Јована Мицевска. Таа забележа 12 интервенции и беше на голот речиси целиот натпревар, со оглед на тоа што бранеше до 55. минута. Нејзината колешка, Марија Чолиќ успеа да забележи една интервенција во добиените минути. Со три постигнати гола, поранешната ракометарка на Вардар, Александра Лакрабер беше меѓу главните стрелци во Шамбри.
Ница со освоениот бод против Шамбри ги зголеми шансите за повисок пласман на табелата. Моменталн се наоѓа на 9. позиција во францускиот шампионат и има големи шанси да напредува кон повисоките позиции на табелата.
Поради Светското првенство во Шпанија кое стартува на 1 декември и подготовките на репрезентацијата на Франција, женскиот шампионат во Франција ќе биде во мирување од 17 ноември, па сè до првите денови од јануари.