Една од главните причини поради кои Шпанецот Едуардо Гурбиндо ќе се одлучи да го облече дресот на македонскиот првак Вардар и да се обврзе на верност од три години е позитивниот впечаток и потребната сигурност која ја добил уште при преговорите со првиот човек Михајло Михајловски.
„Од самиот старт, уште кога преговарав со претседателот ми се допадна целиот концепт затоа што тоа не беше понуда на краток рок, туку долгорочен проект во кој се формира нова екипа, амбициозна, со квалитетни играчи. Михајло не бараше инстант успех, туку тим кој ќе расте, беше отворен и искрен во преговорите, добивав директен одговор за сите прашања или несигурности кои ги имав. И тоа донесе нов предизвик, ново искуство и можност за мене. Секако кусо време сум со тимот, има многу нови играчи и допрва треба да се воиграме, да создадеме хемија меѓу нас и да играме се подобро и подобро“, објаснувва Едуардо Гурбиндо.
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Гурбиндо.
ИНТЕРВЈУ ЕДУАРДО ГУРБИНДО: Сите ми рекоа ќе бидеш среќен во Скопје!