Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер во разговор за 24Ракомет во Келн за време на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите објасни каква е ситуацијата со поранешниот македонски првак Вардар кој лани не доби дозвола да игра во ЛШ бидејќи имаше неподмирени долгови кон своите поранешни играчи.
Во меѓувреме „црвено-црните“ ги отплаќаа долговите, а сезонава се изборија за место во Лига на Европа. Но, се уште не се знае дали нашиот тим ќе игра, и дали ги завршил обврските што му се дадени од страна на ЕХФ.
„Ситуацијата со Вардар и македонскиот ракомет е специфична. Секогаш велиме дека ако Вардар ја надмине ситуацијата и ги подмири ракометарите кои се спорни ќе го третираме како и сите други клубови. Се надеваме дека на крај и на последниот состанок што се уште не е одржан ќе ја имаме одлуката што Вардар ја сака“, изјави Михаел Видерер за 24Ракомет.
Тој се осврна и на квалитот на Ф4 турнирот и изјави дека има голем број на високо квалиттени тимови што се борат за титулата, но и некои други имаат исто така висок квалитет и заслужуваат да бидат тука. Целосно задоволен од сезоната, а викендов оние што ги гледаат мечевите се уверени во квалитетот.