Тимот на Гевгелија забележа победа во плеј-аутот од Женската лига, откако на домашен терен беше подобар од Феникс со 36-30.
Избраничките на Татјана Бојкова по гостинското водство од 1-2, направија серија од четири гола за 5-2 и до крајот не го испуштаа водството.
На полувреме Гевгелија водеше со пет голови, 21-16, а гостинскиот тим кој во ростерот имаше осум ракометарки, се трудеше, но немаше сили да се врати во мечот.
Домашните рутински само одржуваа предност од четири до шест или седум гола, па на крајот прославија убедлив триумф.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше некогашната репрезентативка Драгица Митрова со десет гола, а Ивана Стојмановска даде девет. Кај Феникс се истакнаа Ана Марија Талева со десет гола и Сандра Корлевска со девет погодоци.