Митрова броеше до 14, Гевгелија триумфираше над Шампион

Ракометарките на Гевгелија остварија нова победа во Женската лига, а поуспешни беа од дебитантот во лигата Шампион со 31:25.

Гевгелија подобро го отвори дуелот, поведе 5:1 и 9:4 и го контролираше резултатот до крајот на првиот дел. После 30 минути игра Гевгелија веќе беше блиску до победата и имаше предност од осум гола.

Во продлжението на мечот Шампион се обиде да се врати резултатски но немаше сили да избегне пораз. Гевгелија предводена од Митрова рутински го приведе натпреварот до крај и освои нови бодови.

Најефикасна и најзаслужна за победата беше Драгица Митрова со 14 гола, а пет постигна Михаела Митревска. Во екипата на шампион прв стрелец беше Симона Димитриевска со 11 погодоци, а по шест постигнаа Неделковска и Петровска.