Митревски стандарден, но Веспрем си замина со бодови од Порто

Ракометарите на Порто забележаа пораз на домашен терен во 4. коло до Лигата на шампионите откако Веспрем триумфираше со 30:23 и ги однесе бодовите.

Никола Митревски уште еднаш беше на стандардното ниво на голот на Порто но овој пат не беше доволно неговиот тим да избегне пораз. Митревски натпреварот го заврши со 14 одбрани, а имаше 37 проценти на одбранети удари.

Веспрем одлично го отвори натпреварот, предводен од Родриго Коралес кој бранеше одлично и уште на стартот обезбеди предност од 3:0 и 6:1. До крајот на првото полувреме тимот предводен од Момир Илиќ водеше 16:10.

Во второто полувреме Порто најмногу што успеа да се доближи беше на минус 4, но немаше сили за пресврт. До крај на натпреварот рутински без проблеми Веспрем стигна до важна победа и нови бодови.

Прв стрелец во составот на Порто беше Руи Силва со шест гола, додека Антонио Ареја погоди петпати. Во победничкиот тим нјаефикасен беше Гаспер Маргуч со пет гола, а по четири гола постигнаа Јахија и Мае. Манасков е надвор од комбинација за тимот на Веспрем и ќе биде уште неколку месеци поради повреда.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107