Репрезентативниот голман Никола Митревски, кој ќе биде единствен Македонец во ракометната Лига на шампиони, заедно со дел од соиграчите се „загреваат“ со натпревар од фудбалската елита.
На стадионот „Драгао“ во Порто гостува белгискиот тим Клуб Бриж во второто коло од најелитното натпреварување.
Тие од првите редови на стадионот навиваат за фудбалскиот Порто, кој во првото коло загуби на гости кај Атлетико Мадрид.
В четврток, Митревски и Порто ги чека гостување во Полска кај составот на Висла Плоцк во првиот сезонски меч во ЛШ.