Митревски со „сто раце“ – не прими гол цели 13 минути! (ВИДЕО)

Македонија оствари убедлива победа на гостувањето кај Турција со 36-27 во натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година во Германија. Побеедата беше најавена уште во првиот дел, кога нашите ракометари водеа со 9-0. Големи заслуги за таквата серија има голманот Никола Митревски кој брани во одлична форма. Митревски забележа пет интервенции и не прими гол цели 13 минути! Погледнете....