Македонската сениорска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред стартот на подготовките за Светското првенство во Полска и Шведска.
Од планираните 23 ракометари, 20 ќе патуваат денеска за Маврово. Левиот бек од Алкалоид, Едвин Омерагиќ е повреден и ќе ги пропушти подготовките.
Никола Митревски ги заврши клупските обврски во Португалија и во Иберискиот Супер Куп, па ќе се приклучи деновиве, додека Филип Кузмановски ќе дојде последен.
Левиот бек има клупски обврски и со Хановер ќе игра натпревар од Бундес лигата на 27 декември, што значи дека нема да настапи против Црна Гора во Маврово.
Двата меча со Црна Гора се на 27 и 28 декември, додека на 3 јануари е ревијалниот натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци.
Пред патот за Краков ќе бидат одиграни уште два меча на „Кроација Куп“ против Хрватска и Израел.