Еден од најзаслужните за победата над Романија во финалниот натпревар од „Трофеј Карпати“ беше голманот Никола Митревски. Тој смета дека групата на ЕП нема изразит фаворит и не е лесна, дека секој може да победи секого.
„Одработивме добри подготовки. Имавме добри тренинзи во Скопје и четири контролни средби. Селекторот можеше да види на кои играчи може да смета и на Европското првенство. Одигравме добро и секој даде свој максимум и одигра колку може и како што знае. Ни претстојат уште две контролни средби каде ќе треба да се довклопат сите коцки. Се комплетираме со доаѓањето на сите ракометари кои имаа клупски обврски. Имаме доволно време до 10 јануари против Украина да се подгтовкиме и да можеме да тргнеме со добар резултт. Групата нема изразит фаворит, но е тешка. Секој ќе може да победи против секого и ќе мораме да се подготвиме најдобро што може и на физички и на психолшки план за да помине во вториот круг“, изјави Митревски.
Македонија ќе игра во групата Б во Виена заедно со домаќинот Австрија, Чешка и Украина.