Репрезентативниот голман Никола Митревски во следните две седмици ќе реши каде ќе ја продолжи кариерата, дали по вторпат ќе се врати во Вардар или по вторпат ќе замине за Португалија. Сигурно е дека нема да остане во Битола.
На маса има една конкретна понуда и уште една понуда од која треба да ги дознае деталите.
„Немам потпишано за Порто. Останува деновиве да се видам со Михајло Михајловски и да ги видам и тие детали. Потоа во следните две недели ќе решам каде ја продолжувам кариерата, вели Митревски.
Тренерот Стевче Алушовски објави дека го сака Митревски во тимот. Тој веќе еднаш бранеше на голот на Вардар со кого освои титула и Куп трофеј. Потоа замина во Металург, а имаше и понуда за враќање во СРЦ Кале. Но, остана во Автокоманда и потоа замина на печалба.
Митревски вели дека ќе размисли пред да потпише, но и двата клуба имаат своја традиција и предности.
„Во Вардар би биле три репрезентативни голмани. И не се плашам од конкуренција. Затоа и не бегам од таа можност. Порто беше конкретен со понудата, а од Вардар очекувам дефинирање на некои детали пред да пресечам, вели Митревски.
Лани се врати од Романија и потпиша за Еурофарм Пелистер и настапуваше со екипата во СЕХА Лигата и Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Македонија настапи на последните големи натпреварувања на ЕП и СП.