Митревски одличен, Порто го победи Адемар Леон

Португалскиот првак Порто славеше над вториот пријателски натпревар против Адемар Леон со 26-30.

По ремито на првиот меч, 31-31, сега избраниците на Магнус Андерсон, беа во негатива по првиот дел 15-13, но во вториот дел најмногу по заслуга на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, го свртеа резултатот во своја полза.

Кинтана не беше во ростерот, па Митревски доби полна минутажа и доверба од Андерсон, а според шпанските медиуми врати со одлична партија и беше клучот во победата.

Порто останува во Шпанија и ќе одигра пријателски натпревари и против тимот на Ваљадолид.