Португалскиот шампион Порто оствари нова победа во домашниот шампионат и на 18 меча сега има 18 триумфи.
Избраниците на Магнус Андерсон славеа над слабиот состав на Повоа со убедливи 20 погодоци разлика, 36-16.
Двајцата голмани, Кинтана и македонскиот репрезентативец Никола Митревски, добија по едно полувреме.
Митревски забележа седум одбрани од 17 шута кон неговиот гол, или 41% на одбранети удари.
Со оглед на тоа што е одложен натпреварот против Фленсбург во Лигата на шампионите, Порто ќе игра нов меч од домашниот шампионат, против екипата на Агуас Сантас.