Македонската машка ракометна репрезентација успешно ги одработува подготовките во пресрет на СП во Полска и Шведска. Во првата фаза која се одработи во Маврово беа одиграни два контролни натпревари против Црна Гора во кои беше забележана една победа и еден пораз.
Следната фаза ќе биде во хрватскиот град Пореч каде во рамките на Хеп Кроација Купот (6-8 jануари) ќе се одмерат силите со домаќинот Хрватска и репрезентацијата на Израел.
Еден од носителите на играта на оваа репрезентација ќе биде искусниот чувар на мрежата Никола Митревски, кој во трио со Мартин Томовски и Марко Кизиќ треба да ја даде потребната сигурност на голот.
„На ова првенство ја добивме една од потешките групи, можеби и најтешката.Отворено е се, не сме фаворити за поминување на групата но далеку од тоа дека ќе прифатиме аутсајдерска улога. Се подготвувавме успешно во Маврово, продолжиаме после Нова Година со подготовките и мислам дека на 13.јануари ќе бидеме подготвени за Норвешка, а понатаму и за Холандија и Аргентина. Ништо не е невозможно, имаме млади ракометари на кои им фали искуство за вакви натпреварувања, но ние поискусните ќе се обидеме да им помогнеме односно да им го пренесеме нашето знаење. Се надевам дека со нивна помош и нашето искуство ќе успееме да направиме успех и да ја поминеме групата“, ги пренесе своите очекувања искусниот Митревски.
Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија